Темен режим Режим на светлина

Предупредување: Вештачката ителигенција ќе направи катастрофални нарушувања на пазарот на труд

Вештачката интелигенција може да предизвика сериозни нарушувања на пазарот на трудот, предупреди првиот заменик директор на ММФ Гита Гопинат. Апелира до законодавците што поскоро да ја регулираат употребата на новата технологија.

– Владите, институциите и законодавците мора да бидат брзи во регулирањето на сите области, но и во подготовката за евентуално значителни нарушувања на пазарите на трудот, рече Гопинат вчера во интервју за финансискиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Таа им порача на владите да ги зајакнат социјалните мрежи за работниците чии работни места ќе бидат загрозени од вештачката интелигенција и да внимаваат да не ги наградуваат компаниите што ги заменуваат работниците со машини со даночни мерки.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Избори да подготви техничка Влада, уставните измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на Протоколот во 27-те земји членки на ЕУ

Следна објава

Затвореници од „Идризово“, се обиделе да украдат автомобил