Темен режим Режим на светлина

Владата очекува намалување на цените на бензините и дизелот за 1,5 и за 2,5 денари, најави Мицкоски

Владата очекува намалување на цените на бензините и дизелот за 1,5 и за 2,5 денари, најави Мицкоски Владата очекува намалување на цените на бензините и дизелот за 1,5 и за 2,5 денари, најави Мицкоски

Владата очекува бензините да бидат поевтини за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски.

„Владата континуирано ја следи состојбата на енергетските пазари и прави сопствени анализи. Покрај анализите, се разбира, вклучени се и пресметките со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Согласно тие пресметки што ги направивме во текот на вчерашниот ден откога затворија берзите и откога ги анализиравме движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите изминатата недела направивме калкулација и пресметка и врз основа на таа калкулација и пресметка очекуваме на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цените на дизел горивото односно бензините и тоа евросупер – 95 октани и евросупер – 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски кажа дека и следната недела остануваат досегашните мерки односно намалувањето на ДДВ од 18 на 10% и акцизи врз основа на движењето на берзите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Турски државјанин со тротинет прегазил 55-годишна скопјанка и побегнал, полицијата го бара

Турски државјанин со тротинет прегазил 55-годишна скопјанка и побегнал, полицијата го бара

Следна објава
САД – Иран преговори: Дали гласот на разумот ќе го стиша звукот на ракетите

САД - Иран преговори: Дали гласот на разумот ќе го стиша звукот на ракетите?