Вообичаено секој ден АМСМ излегува со податоци околу состојбата на патиштата во Македонија. Тоа е многу корисна информација за секој што има намера да патува.
За денеска пишува: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско, на ден 24.01.2024 г., ќе биде затворена за сообраќај во период од 09:00 – 16:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Има и други информации во обемниот извештај.
ПС. Кога Владата би правела извештај за состојбата на патиштата отприлика вака би требало да пишува секој ден:
-Ги правиме и поправаме сообраќајниците кои ги ветивме. Почекајте, ќе биде.