Владин извештај за состојбата на патиштата: Работиме, почекајте!

Вообичаено секој ден АМСМ излегува со податоци околу состојбата на патиштата во Македонија. Тоа е многу корисна информација за секој што има намера да патува.

За денеска пишува: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско, на ден 24.01.2024 г., ќе биде затворена за сообраќај во период од 09:00 – 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Има и други информации во обемниот извештај.

ПС. Кога Владата би правела извештај за состојбата на патиштата отприлика вака би требало да пишува секој ден:

-Ги правиме и поправаме сообраќајниците кои ги ветивме. Почекајте, ќе биде.

Претходна вестДо вчера повикуваа на обединување, а сега прават вештачки поделби Запад – Исток
Следна вестЧасовникот на апокалипсата и годинава покажува 90 секунди од „крајот на светот“