ВМРО-ДПМНЕ: Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери од 1 милион денари

Од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, повторно обвинија дека братот на вицепремиерот Артан Груби, Ветон Груби добива сомнителни државни тендери. Ветон Груби сомнителните тендери ги добивал преку неговата фирма ЕТЦ Травел.

– Над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фирмата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ. Имено во период од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, побараа ДКСК, ЈО да го истражат овој случај.

Претходна вестАпел на РСБСП: Користете сигурносни појаси
Следна вестВештакот тврди дека модуларните болници биле изградени според барањата на  Светската банка