ВМРО-ДПМНЕ: Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери и бизнисите на Ковачевски и Ахмети

Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери на Ковачевски и Ахмети, поддржани од Апасиев кој глуми лажен патриот, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски нема ништо против средбата во Тирана, иако за македонски прашања се расправа надвор од државата, тоа е така зошто тој гледа гума за спасување на својата политичка кариера.

Дали средбата во Тирана е на барање на Ковачевски?

Кој ќе биде резултатот на средбата од Тирана, дали Ахмети ќе ги учи во Тирана за зелената агенда, или ќе му донесе втора тиранска платформа на Ковачевски, кој за да се спаси ќе треба да ја прифати?

Единствениот договор кој треба да го има помеѓу сите политички партии во Македонија, не во Тирана, е обединување против криминалот на СДС и ДУИ и договор за избори за народот да одлучи, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПопладне снег и на пониските места
Следна вестКазнети 144 возачи во Скопје, 17 за брзо возење