Казнети 144 возачи во Скопје, 17 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за возач почетник, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за користење мобилен телефон при возење…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери и бизнисите на Ковачевски и Ахмети
Следна вестСДСМ: Предлагаме 7 конкретни мерки за борба против загадениот воздух