ВМРО-ДПМНЕ: Зекири не можел да прави милионски криминал без знаење на мафијата на власт

Додека народот осиромашува, владеачката елита на СДСМ и ДУИ преку криминали и корупција се богати, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека во случајот со генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, исто како и неговиот претходник Рашковски ја злоупотребил својата функција направил криминална зделка чија вкупна вредност е речиси 1 милион евра.

-Имено, Зекири на двајца хрватски државјани им исплатил скоро 1 милион евра врз основа на договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти за кој немало тендер и на крајот добил “семинарски труд”. Ваков милионски криминал не може да се прави без знаење на главата на мафијата. Оттука истрагата треба да се прошири на сите кои биле вмешани, се потенцира во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро?

-Дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумотт Заев и или кај новиот шеф Ковачевски?, стои во соопштението.

 

Претходна вестСОНК денеска ќе соопшти дали децата утре ќе одат на училиште или во градинка
Следна вестПо скопски сообраќајници возеле 40 пијани возачи