По скопски сообраќајници возеле 40 пијани возачи

Вкупно 40 возачи вчера биле казнети од страна на полицијата откако е утврдено дека возеле во пијана состојба по скопски сообраќајници.

МВР денеска соопшти дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки.

-Меѓу нив возење повеќе од дозволената брзина изречени се 63 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник. Изречени се и 48 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 40 мерки за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Зекири не можел да прави милионски криминал без знаење на мафијата на власт
Следна вестМОН: Не смее да има прекин во работата на основните и средните училишта