Во Катар топката ќе се тркала, ама пиво нема да тече…

Цел свет го чека Светското првенство во фудбал. Нејмар, Меси, Бензема… се чекаат нивните мајстории. За многумина, со пиво тоа уште поубаво се гледа.

Но, организаторите на Светското фудбалско првенство во Катар денеска објавија дека пиво нема да им се продава на навивачите околу стадионите. Објавата доаѓа на само два дена пред почетокот на Мундијалот, прв кој ќе се одржи на Блискиот исток.

Главниот спонзор на СП, компанијата „Бадвајзер“ според првичниот договор на навивачите со влезници требаше да им продава алкохолно пиво само внатре во кругот кој го опкружува секој од осумте стадиони, три часа пред и еден час по завршување на секој натпревар.

Засега од ФИФА нема официјален став, но медиумите дознаваат дека „по дискусија со властите на Катар е донесена одлука да се забрани точење на алкохол на сите осум стадиони и пред нив.  Ќе се продава само „Бад Зеро“, односно безалкохолното пиво на Бадвајзер“.

Претходна вестШто ќе видат студентите од понеделник?
Следна вестЛевица: Со 1.300 амандмaни блокиравме поткуп на медиумите