Левица: Со 1.300 амандмaни блокиравме поткуп на медиумите

Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист, соопшти денеска оваа партија.

Во партиското соопштение се наведува дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1 300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите.

– Оваа материја требаше да се најде пред собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 12 часот, но седницата на комисијата е одложена поради амандманската блокада на Левица. Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим, потенцираат од Левица.

 

Претходна вестВо Катар топката ќе се тркала, ама пиво нема да тече…
Следна вестЗатворената седница на која директорот на АНБ Димовски реферирал за случајот Онишченко се емитувала во живо на Јутјуб!?