Затворената седница на која директорот на АНБ Димовски реферирал за случајот Онишченко се емитувала во живо на Јутјуб!?

Прекината е седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ на која директорот Виктор Димовски даваше отчет за државјанството на Украинецот Олександр Онишченко бидејќи нејзиниот почеток по грешка одел во живо со аудио на Јутјуб каналот на Собранието. Се уште не е познато како се случила преносот на седницата која беше затворена по барање на Димовски поради класифицираноста на информациите кои ќе ги изнесе, да биде директно пренесувана на овој канал.

Случајот се објави откако на говорницата на Собранието пратеникот Павле Трајанов побара објаснување зошто затворената седница, на која Димовски презентираше доверливи документи била емитувана во живо на Јутјуб на Собранискиот канал. Тоа беше причина спикерот на паркламентот Талат Џафери да побара да се испита случајот а дотогаш Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР да не продолжува со работа.

Димовски и претседателот на собраниската комисија, пратеникот Љупчо Пренџов се во кабинетот на спикерот Талат Џафери за да одлучат дали ќе продолжи реферирањето за случајот Онишченко.

Салата во која се даваше отчетот на Димовски, инаку, важи за сала во која нема технички услови за пренос на состаноците.

Претходна вестЛевица: Со 1.300 амандмaни блокиравме поткуп на медиумите
Следна вестВиктор Димовски: За случајот Онишченко лоцирана е одговорност кај поединец припадник на АНБ