На 05.05.2023 во 13.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.Ш.(28) од Кичево. При претрес во неговиот дом и други простории во Кичево и во с.Цер, кичевско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана.
Д.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.