Во несреќен случај загина пациент од Геријатриска болница во Ѓорче Петров

Скопската полиција денеска извести дека вчера во 18.15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од село Иванковци, велешко, паднал од висина.

Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Претходна вестТројца рудари затруени во јама во рудник кај село Добрево
Следна вестОблачно со малку сонце