Во Прилеп фатени 50 пијани возачи, во Штип 19, струмичанец возел со 2,34 промили…

Бројни возачи коишто возеле под дејство на алкохол биле санкционирани во полициски акции на подрачјето на неколку македонски општини. Во засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, сообраќајците од СВР Битола во текот на изминатата вечер, во периодот од 23.00 до 05.00 часот казниле 65 возачи. Седум од нив се од Битола, по двајца од Ресен и Крушево, тројца возеле поднапиени во Македонски Брод а едно лице е од Демир Хисар. Најфрапантна е бројката од 50 лица кои под дејство на алкохол „управувале“ со своите патнички возила само во Прилеп.

Синоќа, пак,во периодот од 23 до 05 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола при што во контролите беа санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол. На скопското подрачје поради овој прекршок се казнети десет возачи.

Најтежок случај е забележан во струмичко. Таму, полиција запрела 48 годишен граѓанин од Струмица за кој утврдила дека возел автомобил со 2,34 промили алкохол во крвта!. Пијаниот возач бил запрен на регионалниот пат Струмица-село Банско, во селото Куклиш.

Претходна вестПланина на која е забрането да се качи човек
Следна вестТешко повреден пешак откако скопјанец со „голф“ удрил во него