Вкупно седум лица биле приведени вчера и ноќеска заради поседување на марихуана и на прашкаста материја во шест полициски акции на различни локации во градот.
Ноќеска пет минути по полноќ на улицата „Македонски војски“ е уапсен 27-годишниот Л.З. од Гостивар откако кај него била пронајдена марихуана. Ова дрога е пронајдена и при вчерашниот претрес на лицето Н.Н. на улицата „Венјамин Манчуковски“ во Аеродром, како и на лицето А.М. (32) на Зајчев рид. Марихуаната била пронајдена и во Градскиот парк кај лицето Д.Р. (43) кој, исто, така е уапсен.
Прашкаста материја е најдена кај две лица во Ѓорче Петров – М.С. (31) и Ш.М. (30), како и кај лицето Ф.В. (30) на улица „Милан Зечар“ во Аеродром.
-Против сите овие лица ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.