Во Скопје санкционирани 168 сообраќајни прекршоци, 49 за пребрзо возење

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 49 за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за управување возило без возачка дозвола и седум за користење на мобилен телефон.

Како што информира МВР, изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за некористење на сигурносен појас, како и седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен
Следна вестБез вода дел од скопска населба