Темно Режим Светло Режим

Во северно Косово ноќта помина мирно

По вчерашните немири ноќта на северот на Косово помина мирно, пренесува телевизијата „Н1“. Повеќето луѓе сѐ уште се во Лепосавиќ пред зградата на општинската управа, а главната причина е што новиот градоначалник е во таа зграда повеќе од 24 часа.

Во Звечан, каде вчера имаше конфликт, утрово е мирно и има помалку луѓе од вчера. Насобрани луѓе има и во Зубин Поток, а силни безбедносни сили сѐ уште ги чуваат овие објекти.

Градоначалниците на Звечани и на Зубин Поток порачаа дека денеска нема да се појават на работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Шест кандидати во трка за ректор на УКИМ, гласаат 1.419 професори, асистенти и студенти

Следниот Пост

Апасиев: Tаче е уценет од Алијанса, власта воведува Апартхејт