Во вчерашната голема акција на МВР, уапсени 4 лица

На 10.11.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено се извршени претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што лишени од слобода се четири лица, и тоа И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје.

При претресите извршени кај И.А. во с.Визбегово, скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, кај Н.А. на подрачјето на Бит Пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.

Претходна вестСкопје домаќин на ИТКФ Светски шампионат
Следна вестАеродромска улица нема среќа пак да види градежни работници