Темно Режим Светло Режим

Временска прогноза: Дожд денеска, утре премин во снег

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен слаб локален дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од различен правец. Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 7 и 11 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе изнесува околу 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег. Пообилни врнежи се очекуваат утре, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Негативен тренд во САД: Transparency International алармира за раст на корупцијата

Министерството за правда на САД со нова масовна објава документи за Епстајн

Следниот Пост

Протестот „Стоп за Цементара“ денеска ќе го блокира центарот на Скопје