Променливо облачно, од утре повторно дожд

Како во претходните неколку денови, така и денес времето во Скопје ќе биде променливо облачно и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температура ќе достигне 17 степени.

На територијата на Македонија, пак, се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде -2 а максималната 18 степени.

Од утре повторно ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Претходна вестОвие девет градови би можеле да исчезнат до 2030 година
Следна вестЖените на осмомартовски марш: Дискриминирани сме, немаме ниту еднакви права ниту еднакви можности