За еден месец во Амбасадата во Берн се издадени 400 пасоши

Во базната станица во нашата Амбасада во Берн, Швајцарија досега над 400 наши државјани добиле нови биометриски патни исправи, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Постапката сега е скратена од шест на еден месец, порради што само за еден месец со биометриски патни исправи се стекнале над 400 наши сограѓани.

Базната станица воспоставена во Берн е една од деветте опреми што се распределени во наши дипломатски и конзуларни претставништва во светот, каде има повеќе барања за издавање на нови патни исправи.

Целта е подобрување на услугите за дијаспората.

Претходна вестВикендов се гласа за градоначалник во Дебар
Следна вестЗаев и Мицкоски за Скопје: Празник ли е ако не се честита на Фејсбук