Заев и Мицкоски за Скопје: Празник ли е ако не се честита на Фејсбук

Лидерите на двете најголеми партии и ривали Зоран Заев и Христијан Мицкоски по пооод Денот на ослободувањето на Скопје се огласија преку Фејсбук

-Скопје памети многубројни закани и природни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал и закрепнувал и ги нижел своите победи. Победите на Скопје се неделиви од неговите скопјани чиј дух е запишан во бројни записи кои остануваат како сведоштва за взаемната љубов на градот и неговите граѓани, секогаш насочени кон подобра иднина на метрополата. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, напиша Заев.

– Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи, нашето раздолжување кон градот на солидарноста, слободата и хуманоста. Скопје го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа. Со таа верба и непоколебливла надеж, среќен и вечен денот на ослободувањето – 13 Ноември, граду мој!, напиша Мицкоски.

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

Во Филхармонијата вечер ќе биде доделена и наградата „13 Ноември“.

Претходна вестЗа еден месец во Амбасадата во Берн се издадени 400 пасоши
Следна вестМлада девојка синоќа прегазена во центарот на Скопје