За неплатени даноци фирмите и граѓаните должат 140,5 милиони евра

Вкупно 8.711.691.182 денари, односно, околу 140,5 милиони евра, изнесува долгот којшто го имаат дел од фирмите и физичките лица кон државата, соопшти денеска Управата за јавни приходи. УЈП денеска ја објави Листа на должници бр.07/2023 за долгови доспеани до 31.03.2023 и неплатени до 30.06.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На списокот се физичките лица чијшто долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и фирмите кои имаат долг повисок од 300.000 денари.

На Листата на должници бр.07/2023 објавени се 1785 должници – правни лица, што е повеќе за 18 од претходната листа и 3413 физички лица, повеќе за 45 од претходната листа.

-Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2023 изнесува 8.711.691.182 денари, а што е повеќе за 230.721.048 денари од претходната листа (3,7 милион евра). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.528.229.561 денари (137 милиони евра) и е за  214.057.472 денари повеќе од претходната листа (3,4 милиони евра). Долгот за царински давачки е 183.461.621 денари (3 милиони евра) и е 16.663.576 денари (270.000 евра) повеќе или 270.000 евра, соопшти УЈП.

Претходна вестЕХФ потврди: РК Вардар ќе игра квалификации, а РК Алкалоид директно во групите од ЕХФ Лига Европа
Следна вестСветска метеоролошка организација: Изминатата недела беше најжешката во историјата