Вечерва премиерно се организира првиот „drive-in” концерт со биг бендот на Здружението на џез музичари. Фестивалот почнува во 20 часот на паркиралиштето во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, а го организира Сојузот на композитори на Македонија.
Диригент е Владимир Николов, а од СОКОМ потенцираат дека настанот се организира според сите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19.
-Влезот е бесплатен, поради протоколите и ограниченоста на капацитетите, резервациите се задолжителни. За оние, кои не би доаѓале со автомобил, ќе има места- столици, но и тие се во ограничен број. Организацијата на распоредот на автомобили дозволува слобода на влез и излез од паркиралиштето, според потребите, информираат од COKOM.
Ќе се свират џез композиции од Г. Стевковски, Ж. Глишиќ, И. Петровски, И. Пејовски, Т. Китановски, В. Николов, Г. Спасовски, Т. Велков, В. Ботев, А. Пејовски.