Во февруари годинава на едно четиричлено семејство му биле потребни 50.909 денари за да ги обезбеди основните потреби, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Во структурата на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува ССМ, најголем дел или 19 379 денари се трошат за храна и пијалаци, а 13 306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3 679 денари, а за хигиенски производи 3 154 денари.
Во февруари минатата година ССМ пресмета дека минималната синдикална кошничка изнесува 36.146 денари.