Апасиев преку видео му порача на Пендаровски како да се однесува со амбасадорите кои солат памет

Во голем број на земји од третиот свет, односно Африка, Латинска Америка, и Азија расте незадоволството поради мешањето на Западот во нивните држави. Доказ за тоа е и едно видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи, а на кое се гледа средбата на Германскиот амбасадор во Намибија и претседателот Хаге Геингоб.

Видеото беше споделено и од лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев по кој има и коментар кој ви го пренесуваме во целост:

– Вазалството и лижењето чизма остана одлика на политичарите на Балканот! Дури и поранешните колонијални земји од Африка имаат поголемо достоинство од нашето. p.s. Стани Стево Вошко да те види сала и да видиш како еден државник шамара странски амбасадор кој се обидува дома да му попува кој-што да прави, напиша Апасиев.

Имено во видеото германскиот амбасадор во Намибија му се пожалува на претседателот Хаге Геингоб на доминацијата на Кинезите во таа земја. И дека ги има 4 пати повеќе од германската дијаспора. На тоа претседателот Геингоб иронично го прашува во што е проблемот и му нагласува дека нема потреба да берат гајле, и дека знаат како да се справат со проблемите во земјата.

Претходна вестЗа синдикална кошничка во февруари биле потребни 50.909 денари, речиси 15.000 денари повеќе од лани
Следна вестТрите бели лавчиња во скопската Зоолошка градина го прославија првиот роденден