Владата го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10

Како што информираат од владината прес- служба, со тоа ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување со регионот.

Владата на денешната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот Bechtel и Enka, предвидено за утре, 08.03.2023 година.

Како што информираат од владината прес- служба, со тоа ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Северна Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата.

Претходна вестРодител пријавил дека наставничка го истепала син му
Следна вестТрошоците на живот за една година поскапеле повеќе од 16 проценти