Трите бели лавчиња во скопската Зоолошка градина го прославија првиот роденден

Трите бели лавчиња, коишто му припаѓаат на редок и загрозен вид на овие животни, денеска го прославија својот прв роденден во скопската Зоолошка градина. Лавиците – Луна, Ана и Хана – за својот прв роденден и добија „торта“ со нивните ликови и со ликот на мама Бела.

-Луна, Ана и Хана си добија најубава торта од своите зоонегуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а нашите гости уживаа во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела. Да ни се живи и здрави уште многу години, соопшти денеска скопската Зоолошка градина.

Во иннформацијата е наведено дека имаше дружење со дечињата од градинката „Светот на Колорес”, а музички роденденот го збогатија детските евровизиски претставници Лара и Јован и гости од ДКЦ „Карпош“.

Малите лавици се родија лани на 7 март во Зоолошката градина по две децении, а нивните имиња беа избор на посетителите.

Претходна вестАпасиев преку видео му порача на Пендаровски како да се однесува со амбасадорите кои солат памет
Следна вестЖена пронајдена почината во својот дом