За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје изречени се 172 казни

Вчера во Скопје изречени се вкупно 172 казни, најмногу за брзо возење – 56.  За возење под дејство на алкохол регистрирани се 16 возачи.

– Девет мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, две мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестПостигнат договор во Русија, Пригожин оди во Белорусија, борците на „Вагнер“ нема да бидат кривично гонети
Следна вестЗаглавени сме околу концептот за јавниот градски превоз во Скопје, нема идеја и нема финансии