Темен режим Режим на светлина

Постигнат договор во Русија, Пригожин оди во Белорусија, борците на „Вагнер“ нема да бидат кривично гонети

Постигнат е договор во Русија. Кривичната постапка против Евгениј Пригожин, водачот на руската паравоена формација „Вагнер“ ќе биде повлечена, а тој ќе замине во Белорусија, согласно договорот постигнат со посредство на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, соопшти денеска Кремљ.  Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков нагласи дека борците на „Вагнер“, кои учествуваа на маршот, нема да бидат кривично гонети.

Тој не прецизираше што ќе прави Пригожин во Белорусија, пренесува РИА Новости. Песков рече дека сите борци на „Вагнер“, кои не учествуваа на денешниот вагнеров „марш на правдата“, ќе потпишат договори со руското Министерство за одбрана.

Тој рече дека Пригожин ќе замине во Белорусија во согласност со договорот постигнат со посредство на Лукашенко за ставање крај на воениот бунт предводен од Пригожин против руското воено раководство, додаде „Ројтерс“.

Песков нагласи дека Лукашенко понудил да посредува во разговорите со Пригожин, кого лично го познава 20 години, со согласност на рускиот претседател Владимир Путин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Времето денес во Скопје нестабилно со пороен дожд

Следна објава

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје изречени се 172 казни