Темен режим Режим на светлина

Времето денес во Скопје нестабилно со пороен дожд

Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Денес во Скопје, односно Скопската Котлина времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, велат од УХМР.

И во останатиот дел од Македонија на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Поплава во Куманово и кумановско

Следна објава

Постигнат договор во Русија, Пригожин оди во Белорусија, борците на „Вагнер“ нема да бидат кривично гонети