Од вчера вечер започна манифестацијата „Пролет на Македонскиот Дизајн”, каде ќе се поврзат дизајнери, студенти и креативци од различни области. Иницијативата опфаќа повеќе дисциплини – графички, архитектонски, моден и индустриски дизајн, со цел едукација и размена на идеи. Настанот е отворен за јавноста и има за цел да поттикне директна комуникација меѓу учесниците.
Настаните ќе продолжат на 23 април, 28 мај и 18 јуни, со предавања и разговори во неформални простори. Организаторите најавуваат фокус на културното наследство и современата сцена, со цел градење заедница и поголема вклученост на младите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





