Затвореник додека бил во бегство од затвор ограбил 6 цркви

Расчистени се шест тешки кражби на верски објекти во битолско. Кражбите ги извршил затвореник додека бил во бегство од затвор.

– Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид. По преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022 со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари. Тој ги извршил делата додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Претходна вестСлушнаа ли Маричиќ и Ковачевски дека повеќето граѓани се против менувањето на Уставот?
Следна вестКубик вода во Скопје може да чини од 31,5 до 34,8 денари, ќе реши Градскиот Совет