Затвореник од Арачиново настрадал возејќи мотор

Моторџија од Арачиново настрадал во сообраќајка додека возел мотор низ Скопје. Арачиновецот бил бил лице на издржување казна затвор.

– На 29.05.2023 во 18:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор.

Претходна вестАрсовска: Градот Скопје ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира
Следна вестВо само три месеци од оваа година имаме 1 577 лица повеќе умрени од родени