Зеленски: Русија претрпе стратешки пораз, подготвен сум за средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и дека тоа веќе очигледно му е јасно на целиот свет.

-На Русија едноставно и недостасува храброст да го признае тоа, рече тој во своето ноќно обраќање.

Зеленски додаде дека руските сили се кукавици и се обидуваат да ја сокријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади.

Инаку, во интервју за италијанска телевизија тој посочува и дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и дека тие мора да најдат договор без ултиматум како услов.

Претходна вестМоже ли Џафери да го врати парламентот во помирни води?
Следна вестУтре во Скопје посебен режим на сообраќај