ЖРК Металург нема да игра против Чаир поради неисплатени плати

Ракометарките на ЖРК Металург го известиле раководството на клубот дека нема да играат на денешниот натпревар од 7. коло во плеј-офот од женската Суперлига. Причина за тоа се неисплатени плати.

Информацијата ја соопшти претседателката на клубот, Зорица Блажевска, образложувајќи дека Металург има проблем со реализација на ваучерот и очекуваат помош од владата.

-Тешко оди со реализација на ваучер овој период, барем кај нас, сите оставаат за крај на годината. Се надевавме дека ќе си го исполни ветеното владата и директно ќе исплаќа на сметка на клубови, но ете тоа не е случај. За жал, ќе мора да ги разберам девојките и да ја прифатам нивната одлука, изјави Блажевска.

ЖРК Металург го брани пехарот во Купот на Македонија од минатата сезона, а во првенството се наоѓа на петтото место.

Претходна вестРуски дипломат се судри со кумановец кој заврши со повреди во болница
Следна вестПриведени двајца ловџии, едниот фатен при незаконит лов