Темен режим Режим на светлина

Знаме со „Голема Албанија“ со делови на Македонија закачено наспроти хотелот во Давос во кој ќе престојува Вучиќ

Непријатен дочек за српскиот претседател Александар Вучиќ во Давос на Светскиот економски форум. На зградата преку улицата од хотелот во кој престојува српската делегација е закачено знаме на „Голема Албанија“, јавува нова.рс. До него е закачено и знамето на Косово.

Знаме на Голема Албанија со делови од Македонија се вее пред хотел во Давос за време на одржувањето на економскиот самит во Давос.

Во швајцарски Давос овие денови се одржува Светскиот економски форум. Собрани се на 1500 светски лидери кои ќе говорат за глобалните проблеми. Вучиќ е еден од говорниците на панелот „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МКЦ: Директорот Богоев е сменет оти не сакал да потпише вработување на Бени Шаќири

Следна објава

Компанијата „Виваком“, во сопственост на „Јунајтед груп“, е најбрзо растечки давател на сателитски услуги на глобално ниво