ЗОО Скопје: Жирафата Флопи угинала од малиген тумор

Жирафата Флопи која неодамна угинала во скопската Зоолошка градина имаша тешка болест која е причина за нејзината смрт, соопшти вчера оваа институција.

Тоа е уврдено врз основа на извршената обдукција.

– 27.11. 2023 година беше за нас трагичен ден, прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна, за жал, не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа. Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.

Од ЗОО Скопје додаваат дека Флопи ќе го паметат по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите и посетителите, како и по мирниот карактер.

-Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување, велат од ЗОО Скопје.

Претходна вестАгелер најави нови имиња на црната листа: Македонија се соочува со епидемија од корупција
Следна вестСе празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование