Зошто за време на празникот, во среде пандемија, не се вакцинираше?

298

Здравствените власти уверуваат дека со стартот на т.н. масовна имунизација од утре, епидемиолошката состојба во Македонија се очекува да се промени. Односно, да се вакцинира висок процент од населението. Денеска треба да заврши дистрибуцијата на 200 илјади вакцини на „Синофарм” што во земјава пристигнаа во саботата.

Прашањето е зошто вакцините не се распоредија веднаш и уште за викендот масовно да се вакцинира? Зарем во време на пандемија треба да се води сметка за тоа дали е празник или неработен ден, зарем вакцинирањето не треба да тече постојано? Или пак проблемот е во нешто друго?

Граѓаните реагираат и очекуваат навистина масовно вакцинирање… бидејќи се доцни и тоа предизвикува многу последици во земјава.

Колку за споредба, во Србија вакцинирањето трае и до доцна навечер, пунктовите работат без разлика дали е викенд или работен ден. Да не споменуваме дека таму вакцинирањето почна далеку, далеку порано.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСончево со мала до умерена облачност и северозападен ветер
Следна вестАквадуктот плачел гледајќи колку Охрид е посигурен откако Владата го штити