Вкупно 1.068 граѓани во изминатово деноноќите направиле прекршок со неносење на заштитна маска, соопшти денеска МВР. Казна за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност. И во изминативе денови бројот на казнети граѓани за ова заштитно средство изнесуваше околу илјада.
Во информaцијата се наведува дека при контролите е утврдено дека едно лице на ја почитувало мерката за самоизолација.
-На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација, се наведува во информацијата.