Околу 20.000 морнари и 15.000 патници се заробени во Персискиот Залив поради војната на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот Проток, објави Меѓународната поморска организација.
Иран во средата изјави дека има „целосна” контрола врз Ормутскиот теснец, блокирајќи бројни бродови.
До сега меѓународната поморска организација регистрирала седум инциденти со бродови во теснецот, во кои две лица беа убиени, а шест беа повредени.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави дека американската морнарица би можела „доколку е потребно” да ги придружува танкерите за нафта низ теснецот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





