Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека „одредено лице” во ЕУ, мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе престане да го блокира кредитот на Брисел за Украина од 90 милијарди евра, во спротивно, како што изјави, „може да ги даде контакт – податоците на тоа лице на украинските вооружени сили”.
Тој изјави дека Украина треба да изврши авансни плаќања за авионите Грипен и Рафал што ги нарача од Шведска и Франција.
Унгарија неодамна стави вето на одлуките на ЕУ за доделување „воен заем” од 90 милијарди евра на Украина, поради блокадата на транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





