172 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана ќе добијат штетни договори
Следна вестРФМ ги одреди премиите: За три победи во групата – 60.000 евра