ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана ќе добијат штетни договори

Никакви средби, и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДС на следните предвремени парламентарни избори. Целосниот молк од страна на СДС за средбата во Тирана, е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија.

Евидентна е паниката и стравот на СДС и ДУИ за опстојувањето на нивната влада, бидејќи вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа им беше потребна оваа средба

СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери безпоговорно ќе ги прифатат? Државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата се носат во Македонија и македонското Собрание, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека граѓаните на предвремени парламентарни избори ќе го казнат ова антидржавно однесување на СДС и Ковачевски.

Претходна вестБајден за доверливите документи пронајдени во негова канцеларија: „Не знам што има во нив“
Следна вест172 санкции за брзо возење