Темен режим Режим на светлина

186 казнети возачи во Скопје, 68 за брзо возење

186 возачи во Скопје биле казнети за прекршување на сообраќајните правила, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од нив 68 добиле казна за брзо возење, 14 возеле без возачка дозвола.

Тројца возачи биле санкционирани за некористење на сигурносен појас.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на црвено светло и 43 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ : Се помалку слободни кревети во болниците а Филипче брка провизии

Следна објава

Трагедија кај ХЕЦ-Козјак, едно лице почина во сообраќајна несреќа