Темен режим Режим на светлина

253 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 45 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 49 мерки за возење под дејство на алкохол, седум мерки што ги чинат пешаците, седум за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачаа од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Фатен крадец на дело во скопско

Следна објава

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право