Со тешки телесни повреди се здобило едно лице кое ноќеска со својот автомобил удрил во уличен столб во Струмица.
Полицијата соопшти дека сообраќајката која се случила педесет минути по полноќ на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, откако со автомобил марка „Мерцедес“ удрил во столб на коловозот. Во спасувањето на момчето учествувале и струмичките пожарникари кои со специјални хидраулични алатки го извадиле лицето и предале на екипата на првата помош. На својата Фејсбук страница тие ги објавиле и фотографиите од искршеното возило.
-Денес (вторник) 22.12.2020 година, во 00.48 часот на бул. Климент Охридски во близина на новата автобуска станица , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари- спасители интервенираше на сообраќајна несреќа во која учествуваше едно патничко моторно возило марка Мерцедес. Користени се специјални хидраулични алатки за да се извади повреденото лице од возилото, кое потоа е предадено на екипа на брза помош, пишува во описот на фотографиите.