РСБСП обезбеди 15 мотоцикли со комплет опрема за потребите на МВР

Работна средба одржал денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, г-ѓа  Гордана Кожуваровска. На средбата беа договорени деталите за примопредавање на опремата што РСБСП ја обезбеди за надлежните сообраќајни единици во МВР.

Со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,  Републичкиот совет секоја година 30 отсто од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.  Согласно тоа, РСБСП обезбеди 15 моторцикли со комплет опрема, соопшти денеска МВР.

Министерот Спасовски, изрази задоволство од досегашната соработка со РСБСП со надеж дека истата и во наредниов период ќе биде интензивирана. Кожуваровска  на состанокот истакна дека соработката на РСБСП и Министерството за внатрешни работи се реализира на високо ниво, потенцирајки дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет  и дека со заедничка соработка и со комбинација од превентивни и репресивни мерки се придонесува за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди.

Претходна вестУште кој треба да реагира за Царовска и МОН да подзастанат со претопувањето на предметот – Историја?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вработува 135 партиски војници, меѓу кои и личен возач – претходниот го унапредил во раководител