26-годишно момче пронајдено починато во када

Дваесет и шестгодишно момче утринава е пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер. Информацијата ја потврдија од СВР Штип, од каде информираа дека по насока на обвинител неговото тело без траги на насилство е предадено на обдукција.

Смртта кај момчето ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Делчево која се упатила кон неговиот дом веднаш по добивањето повик од роднина на несреќното момче.

Претходна вестЛевица: Повеќе наши членови се повикани на „информативен разговор“
Следна вестЗа две недели населбата 11 Октомври-згради ќе добие паркинг за стотина возила